Вести Најважни Свет

Српските студенти ја блокираа националната ТВ станица РТС

Стотици демонстранти од доцна синоќа почнаа со блокада на јавниот сервис на Србија во Белград, протестирајќи против начинот на кој беше дефинирано студентското движење против корупцијата за време на телевизиска програма.

Според демонстрантите, блокадата ќе трае 22 часа.  Во зградата на телевизиската куќа пак распоредени се поголеми полициски сили во полна опрема за разбивање немири.

Во рамки на медиумската блокада, демонстрантите им дозволуваат само на вработените да излезат, но не и да влезат во зградата.

Дојде и до краток контакт со полицијата, во кој повреден е еден полициски службеник. Радио телевизија Србија објави дека блокадата на нивната зграда е во целосна спротивност со претходните изјави на студентите во блокадата дека се залагаат за слободно функционирање на институциите.

Српските студенти водат масовни протести барајќи одговорност по смртоносниот пад на настрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 година, во која загинаа 15 лица.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе