Европската централна банка направи чекор, ја намали депозитната каматна стапка на 2, 5 проценти. Овој потег се случува во услови кога Европа се уште има висока инфлација. Иако, пред неколку дена имаше благо намалување, повторно е над 2 отсто.
Управниот совет денеска одлучи да ги намали трите клучни каматни стапки на ЕЦБ за 25 процентни поени. Особено одлуката да се намали депозитната каматна стапка, стапката преку која ја регулираме нашата монетарна политика и која се заснова на нашата ажурирана проценка за стапката на инфлација, изјави Кристин Лагард, претседател на Европска централна банка.
Сигналот на ЕЦБ сега треба да го следи Народната банка од која се очекува да направи корекција на својата основната каматна стапка, со што на деловните банки во земјава ќе им се отвари простор да ги поевтинат кредитите. Домашните аналитичари очекуваат брза реакција од банкарите.
Јас очекувам стапката на благајничките записи која што е референтна стапка кај нас, да биде намалена уште една за 25 базни поени, на следната седница мислам наскоро од 5, 35 % , јас очекувам да имаме некое намалување на 5, 10 % значи да биде каматната стапка на благајничките записи. По што исто така очекувам пауза, вели Бојан Цветановски од Асоцијацијата на финансиски пазари.
Паралелно со ваквите одлуки на меѓународните финансиски институции освен кај каматите на кредитите се прават корекции и на оние на депозитите, кај кои во изминатиот период немаше некои значителни зголемувања кога поскапуваа кредитите. Но, сега кога има олабавување на монетарната политика, познавачите не очекуваат во овој дел да има промени, затоа што тие и онака се понсики. Сметаат дека трендот на намалување на каматите ќе продолжи затоа што прогнозите од Европа се позитивни.
За натамошно зголемување на каматните стапки на ЕЦБ потребно е да добиеме доказ дека инфлацијата понатаму ќе оди надолу. Гувернерите на сите се сложни дека очекувањата одат кон 2 проценти инфлација која што е и таргетот на ЕЦБ, додава Цветановски
Поради растот на инфлацијата, НБРМ извесен период ја зголемуваше основната камата, а банкарите ги поскапеа кредитите.
Но, од септември до сега поради добрите сигнали од Европа постепено почна да се намалува, па поради тоа просечната камата на кредитите минимално се спушти. Од 5, 5 проценти во јанаури лани дојде до 5, 2 отсто во јанаури годинава. На новоодобрените пак стигна до 4, 7 проценти. Но, по овој потег на ЕЦБ, се чека НБРМ да прати нов сигнал до банкарите дека имаа простор за намалување на каматите.
Ирена Чачкова