Вести Економија Најважни

Во услови на криза со гас, ЕСМ ќе ги троши своите резерви на мазут, нема да бара од други

Ако дојде до криза со гас, ќе се трошат домашните резервите на мазут. Откако пропадна претходниот повик за набавка на мазутот, ЕСМ нема да објавува нов.

Ова за Телма го потврдија од компанијата. Од таму велат дека доколку од било какви причини се појават проблеми на пазарот со гас, кој топланите го користат за производство на топлинска енергија во услови на грејна сезона, ќе се активираат резервите на мазут со кој располагаа државните електрани, откако државата ќе прогласи кризна состојба. Количините кои ги има ЕСМ се доволни.

Претходно на повикот со кој од Електрани бараа до 11.000 тони мазут за топланите Исток и Запад не се јави никој, а од компанијата соопштија дека законска обврска е да го обезбедат. Во случај да снема гас, второто алтернативно гориво кое го користат топланите за производство на топлинска енергија е мазутот, кој може да се употребува само 15 дена.

Претходната Влада имаше обид да го замени мазутот со дизел, но тоа не се случи.

Со затворањето на вентилoт од Украина преку кој се испорачуваше гас од Русија во Европа, некои држави се соочија со проблеми.

Кај нас со стартот на грејната сезона првичните набавки на гас беа за подолг период – за три месеци, а сега се за еден месец. Но, од  ЕСМ посочија дека нема никакви проблеми во снабдувањето.

Инаку, топланите Исток и Запад, ЕСМ почна да ги менаџира откако го презеде работењето на парното греење од „Балкан Енерџи Груп“, компанија која со години го водеше бизнисот, но поради енергетската криза имаа потешкотии во работата.

Па, се одлучи ЕСМ да формира три фирми – за снабдување, за дистрибуција и за производство за да може да го работи греењето. Но, овие компании често се на листата на должници на министерството за финансии.

Во меѓувреме, ЕСМ повторно се обидува да најде оператор кој веднаш ќе направи испорака на струја, ако дојде до хаварија. Во зимскиот период, блоковите во РЕК Битола често се случува да имаат испади. На претходниот повик, како кај мазутот, не се јавил никој. Но, овојпат има промена.

Струјата во услови на хаварија, наместо по цена од претходниот ден, како што се бараше во минатиот повик, ќе се продава по цена која во моментот е на берзата, кога се случува хаваријата. Во тој случај може да биде и пониска и повисока од претходно.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вечерва во Белград се отвора македонски Културно-информативен центар

Дејан Дејан

Обдукцискиот наод за Ведат Адеми, кој почина по примање на терапија, доставен до ОЈО Куманово

Дејан Дејан

Шести Самит на Европската политичка заедница, прв на Западен Балкан – премиерот Мицкоски на настанот во Тирана

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе