Вести Македонија Топ вести

Осуммина осомничени за пукањето во Чаир, по тројца сè уште се трага

Вкупно осум лица се под истрага на Основното јавно обвинителство Скопје во врска со престрелката што се случи пред неколку дена во скопски Чаир, а во која загина едно лице.

Против шестмина од нив се води истрага поради учество во кривични дела убиство и обид за убиство, а постапката против другите две лица е за помагање по извршување на кривичното дело бидејќи по инцидентот сокриле два пиштоли, помагајќи им на дел од осомничените да не бидат откриени.

Изнесувајќи детали за настанот, од ОЈО Скопје информираат дека доцна вечерта на 10 февруари, по претходна расправија поради недоразбирање во сообраќајот, на паркинг на улицата „Втора Македонска Бригада“ во Чаир почнала вооружена престрелка меѓу две групи.

„Првоосомничениот 28-годишник, со употреба на огнено оружје, со умисла го лишил од живот оштетениот Хебиб Буњаку и го довел во опасност животот на уште едно лице. Уште петмина осомничени директно учествувале во престрелката, возвраќајки со дејствија на помагање и соизвршителство во убиство и обид за убиство. Последните двајца осомничени по престрелката сокриле два од пиштолите користени во инцидентот“, се наведува во соопштението на скопското јавно обвинителство.

За двајца од осомничените, Обвинителството бара притвор за делата убиство и обид за убиство, притвор е предложен и за двајцата помагачи на сторителите по извршување на делото, а за еден од осомничените се бара куќен притвор.

Останатите тројца осомничени се недостапни на органите на прогонот и по нив сè уште се трага.

Убиениот Буњаку работел во МЕПСО, поради сообраќај била престрелката- објави полицијата

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Големи протести во Белград

Дејан Дејан

Променливо облачно со сонце и локална нестабилност – Временска прогноза за 16.3.2025

Дејан Дејан

Со пасат се судрил со полициски голф, повредени 4-ца полицајци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе