Вести Македонија Топ вести

Финансии пресметаа 12 милиони евра американска помош замрзната во државните институции

Замрзнувањето на американската помош на три месеци, сепак, ги погоди и македонските институции. Во секторите земјоделие, образование, безбедност и разузнавање секнуваат околу 12 милиони евра. Министерката за финансии ја потврди сумата, а од деталите произлегува дека тоа не се одразува на буџетите на институциите, туку на кадар кои преку невладиниот сектор се обучувал и напредувал.

Со запирањето на средствата, погодена е управата за финансиско разузнавање, но и други агенции и сектори. Но, затоа во обратна насока, Македонија не само што не ја кочи соработката со американските компании, туку интензивно им ги решава техничките проблеми на „Бехтел&Енка“. Па, така за кус период решени се над 3.000 предмети на експропријација за да може градежниот конзорциум да продолжи со изградбата на коридорот 10-д. Без конкретна траса, далеку е крајот на експропријацијата.

„Проблемот е што не можеме лесно да ги придвижиме работите, со оглед дека сè уште нема конкретна траса на коридорот. Таа сега се утврдува и така се отвораат позиции за решавање на голем број предмети на експропријација. Не се знае уште колку предмети треба да се завршат“, посочи Димитиреска-Кочоска.

На настанот на кој Димитриеска-Кочоска ги собра државните институции поврзани со финансиското следење, но и инспекторатите, произлезе и заклучокот дека најголем проблем за успешна контрола е недостигот на кадар. Само во УЈП се напластени 30.000 предмети по разни основи. Додека инспекторите се на терен, рано е да се заборува за проневери, но затоа порака до компаниите да пријавуваат ако им се понуди или побара мито. Управата за јавни приходи руши рекорди на прибрана наплата, но и стотици милиони евра од ДДВ приливи се во постапки за наплата. Но, не должи само приватниот сектор.

Државниот долг, оној на владата, достигна 54 отсто од бруто домашниот производ. А, во пресрет на економско-социјалниот совет, одново на маса е зголемување на платата. Синдикатите и коморите не се согласуваат со 1.800 денари раст на минималната плата. Прашана, министерката вели дека преку иден ребаланс на буџетот ќе се прифати се што ќе договорат работниците и работодавците, иако идниот раст на минималниот најмалку го афектира јавниот сектор. Но, на крај сепак, ќе се кршат копјата околу придонесите.

Недоговорена енигма остана и тековната инфлација, иако проекциите на Финансии се заокружени на околу три отсто за 2025 година. Димитриеска Кочоска вети исплата на платите кај неколку инспекторати и ќе легнат согласно интерните пресметки. Министерката дала согласност за седум нови вработувања во институциите кои треба да се справуваат со регулативите поврзани со трговците на храна.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Православните христијани денеска ја одбележуваат Задушница

Дејан Дејан

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 8.6.2025

Дејан Дејан

ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе