Според официјалните податоци на МВР, минатата година во сообраќајни незгоди биле тешко повредени 214 пешаци, а 24 загинале.
Завчера, 22-годишна девојка е прегазена на пешачки премин од 20- годишен деликвент, познат на полицијата, кој без возачка дозвола поминал со 130 км/час на црвено и ја убил девојката.
Возачот бил претходно осудуван за други дела но поминувал лесно низ правосудниот систем.
Автомобилот го добил на подарок од родителите.
Дали неказнивоста и корумпираниот судски систем зема уште една човечка жртва?
Анкета: Дали кога ќе проработи „Безбеден град“ ќе престане да се вози лудо? Да/Не
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.