Kупувачите во Хрватска, започнаа, Словенците прифатија, Црногорорците не останаа покуси, а утре и кај нас ќе се бојкотираат одредени продажни синџири и маркети. Акции за бојкот се најавени во БиХ и Србија.
Дали подигнување на цените може системски да се реши, наместо да се испраќа порака со еднодневна или еднонеделна акција на потрошувачите?
Ако трговците се лакоми за високи профити, ако го кршат законот со двојни договори, а Владата не го спроведува Законот за нефер трговски практики, кој може да им помогне на граѓаните?
Дали бојкотот на големите трговски ланци е решението?
Зошто владата не ги користи своите инструменти и воведе ред во трговијата?
Анкета: Дали треба да се бојкотираат маркетите:
а) Сите одеднаш или
б) Еден по еден
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.