Вести Македонија

Празни куќи, половина од нивите напуштени – ваква е сликата  во селото Кучичино во Општина Чешиново-Облешево

Празни куќи, половина од нивите напуштени, низ улиците го нема детскиот џагор, како пред три децении. Ваква е сликата  во селото Кучичино во Општина Чешиново-Облешево, кое беше живо село, со развиено земјоделство, лозарство и сточарство, но сега во него се останати да живеат само повозрасни жители. Никола Стојанов и Станој Манчев влезени во осмата деценија од животот велат дека ако порано во Кучичино имало 10.000 крави и овци, сега нема од каде купат млеко и сирење. Ако порано имало големи паралелки со ученици од прво до осмо одделение, годинава имаат само едно прваче.

На осумдесет годишниот Станој Манчев  децата се иселиле во Куманово, Скопје и Италија, а  со неговата домаќинка живеат сами. Се надева дека неговиот син ќе се врати од Италија.

Селото ги има сите услови за нормален живот, бидејќи има водовод, улици и е поврзано со патишта со останатите општини, како и со поголемите градови Штип и Кочани. Осумдесет и две годишниот Стојанов кој има седум хектари ниви и се уште половина од нив ги обработува вели дека  оние коишто ги гласаат на секои избори треба малку повеќе да се загрижат за земјоделците и луѓето кои живеат во руралните средини.

Градоначалниците од Источно планскиот регион во текот на годината ќе прават нова Стратегија за развој, а меѓу врвните приоритети е да се запре иселување на младите преку низа на мерки и бенефиции.

За 20 години од 11 општини од Брегалничкиот регион си заминале 31.624 жители, или тоа е како да се иселиле сите жители од Општина Кочани. Младите од истокот бегаат бидејќи и посиромашно се живее, односно просечната нето плата изнесува 435 евра, додека  во  скопскиот регион, кој е најбогат  просечната плата е 586 евра. Разликата во платите е над 150 евра.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Високи претставници на ЕУ ги осудуваат санкциите на САД против МКС

Дејан Дејан

Предвремените избори во Холандија ќе се одржат на 29 октомври

Дејан Дејан

Заврши ли „љубовта“ меѓу Маск и Трамп?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе