Вести Македонија Топ вести

Советот на јавни обвинители без препораки, задолженија или најави за разрешувања во собраниската комисијата за политички систем

Стабилни се фотељите на четворицата членови на Советот на јавни обвинители кои ги избира парламентот. Од собраниски извори за Телма брифираат дека засега ситуацијата е „статус кво“ и нема план за наредни чекори или разрешувања во надлежната Комисија за политички систем и односи со заедниците. По четири месеци откако пратениците дадоа негативна оценка и не го усвоија годишниот извештај, советот продолжи со работа, бомбардирани од политички прозивки дека реформите во правосудството треба да почнат од нивните редови.

Сепак, силните најави од извршната власт за разрешувања се стопија во јавноста, откако домашните експерти и политичарите од унијата посочија дека разрешувањата водат во ќорсокак. Па, така од собраниските кулоари произлегува и ставот дека ваквата идеја не носи ништо добро со оглед дека ако паднат четворица членови во собранието, советот ќе кубури за тековно мнозинство.

Прашани, и првиот човек на обвинителството, и претседателката на советот, не се препознаваат во негативно светло, ниту, пак се согласуваат со политичките чинители дека нешто е труло во нивната работа.

Колку и да е негативен извештајот и ставот на пратениците во комисијата, таа нема законски можности да им наложи, препорача или да ја услови работата на советот. Опцијата за разрешувања во парламентот првично дојде од првиот човек на владата. Мицкоски, без задршка, ги прозиваше советите дека довербата во јавните анкети не надминува 2 отсто. Месеци подоцна опцијата разрешување, се претопи во оставки од морални причини. Но, не од морални, туку од обиди за притисоци беше врачена и прифатена оставката на претседателката на Судски совет, Весна Дамева.

Членовите на советите на судии и обвинители во целост се придружуваат до насоките на оценската мисија делегирана од Европската Унија, каде што јасно и гласно се наведува дека разрешувањата на членовите не се добри за потребните реформи во правосудството.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Уникатна изведба на „Кармина Бурана“ со симфониските оркестри од Македонија, Грција и Бугарија

Дејан Дејан

ФОТО/ВИДЕО Кармина Бурана во Софија- Филхармонија заедно со бугарските и грчките колеги изведоа маестрално за стоечки овации

Дејан Дејан

Трамп бара половина од рудното богатство на Украина за да почнат заеднички бизнис-Telegraph објави детали од американската понуда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе