Вести Македонија Топ вести

Се намалува бројот на ученици во второто полугодие – 74 се отпишале во Тетово, 27 во Битола

Второто полугодие во училиштата во Општина Тетово започна со 74 ученици помалку во споредба со почетокот на учебната година. Иако минатогодишните бројки беа поголеми, сепак трендот на намалување на бројот на основци и средношколци продолжува, како во градот, така и во селата.

Родителите бараат исписница за своите деца, како потребна документација при упис во ново училиште, претежно во западно-европските земји.

„Од почетокот на учебната година, па досега, според податоците со кои располагаме, од основните училишта исписница зедоа 57 ученици кои заминале на Запад и 17 ученици во средните училишта. Ако продожи овој тренд, за нас ќе биде многу тешко функционирањето на училиштата, па и на општеството целокупно“, изјави Назми Даути, раководител на Сектор за јавни дејности при Општина Тетово

Во општина Битола второто полугодие започнало со 22 ученика помалку во средните и пет во основните училишта. Според податоците на Секторот за локален економски развој и образование во Општина Штип, пак, оваа година нема големо намалување на бројот на ученици, зашто покрај тие што се испишани, има и новозапишани.

„Во првото полугодие на учебната 2024-2025 година од петте основни училишта се имаат испишано 30 ученици, но има и 21 ученик кои се новозапишани. Тоа значи дека немаме големо намалување на ученици, а што се однесува до тоа каде заминуваат учениците, за 12 имаме податок дека се заминати надвор од државата, со своите семејства. Во средните училишта 26 ученици се испишани, од кои за двајца имаме податок дека се заминати во странство, но се запишани и 19 нови“, информираат од Сектор за локален економски развој и образование на Општина Штип.

Иселувањето на населението, но и намалениот наталитет, доаѓа до израз особено за време на уписите во училиштата, кога има сѐ помалку ученици во споредба со претходните години.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО Кармина Бурана во Софија- Филхармонија заедно со бугарските и грчките колеги изведоа маестрално за стоечки овации

Дејан Дејан

Трамп бара половина од рудното богатство на Украина за да почнат заеднички бизнис-Telegraph објави детали од американската понуда

Дејан Дејан

Украина, но и нормализација на односите меѓу Москва и Вашингтон – Лавров и Ушаков пристигнаа во Ријад

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе