Вести Македонија Топ вести

Бизнис секторот бара Уставен да го поништи солидарниот данок и парите да им се вратат на компаниите

Додека Уставниот суд го чека мислењето на Владата за тоа што треба да се направи кога станува збор за „солидарниот данок“, бизнис секторот е дециден – „солидарниот данок“ треба да се поништи, а парите да се вратат кај фирмите.

Пред уставните судии се три опции. Првата е да да се укине, што би значело во иднина да не може да се применува, ниту да се донесе идентичен закон. Втората опција е да се поништи, во овој случај државата ќе треба да ги врати парите од данокот. Третата е да се запре постапката, но ова како што соопштија на брифингот во уставниот суд пред извесно време се применува многу ретко.

Разгледувајќи ги поднесените иницијативи ставот на повеќето уставни судии е дека има елементи на нарушување на уставноста, бидејќи со данокот се повредува владеењето на правото, тој е ретроактивен, а ретроактивноста е забранета и лошо е толкувана директивата на ЕУ на која се повикува овој закон.

Законот за солидарен данок се донесе во сепрември во 2023 година. Се оданочија околу 150 фирми. Тие платија дополнителен данок на државата и се собраа околу 50 милиони евра.

Седницата на која ќе се расправа за уставноста на законот треба да се одржи на почетокот на февруари.

Кога станува збор за Законот за забрана на нефер трговски практики, од Комората информираат дека забелешките сеуште се разгледуваат и се прават дополнителни анализи во кои се вклучени сите компании и сите тела на Комората и потоа ќе се излезе со став. Според информациите на Телма клучниот проблем околу кој се кршат копјата е повратот на роба.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО Кармина Бурана во Софија- Филхармонија заедно со бугарските и грчките колеги изведоа маестрално за стоечки овации

Дејан Дејан

Трамп бара половина од рудното богатство на Украина за да почнат заеднички бизнис-Telegraph објави детали од американската понуда

Дејан Дејан

Украина, но и нормализација на односите меѓу Москва и Вашингтон – Лавров и Ушаков пристигнаа во Ријад

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе