Ракомет Спорт

Не може Данци и Холаѓани да знаат што е македонска пасија: Нашиот навивач разбира ракомет и (не)правда

Не стивнуваат реакциите по вчерашниот пораз на Македонија од Холандија со 37-32 во второто коло на Светското ракометно првенство. Атмосферата во Вараждин колуминираше со предвременото заминување на холандските ракометари од теренот при официјалната церемонија за прогласување на најдобриот играч и тоа откако македонските навивачи беа испровоцирани од скандалозното судење на данските арбитри  Мадс Хансен и Јеспер Мадсен. Па судиите и противниците набрзина истрчаа во соблекувалните.

Во исклиучително борбен натпревар со многу емоции на двете страни, спортската слика ја нарушија две личности кои постојано се обидуваа да ги одбијат нападите на македонските ракометари. Тоа не беа холандски играчи, туку судиите Хансен и Мадсен.

Во секој налет на Македонија во второто полувреме и по неколку добри серии, Данците веднаш судеа пенал за Холандија и исклучување за нашата селекција. Покажаа на седум метри дури 12 пати, а Холанѓаните искористија десет.

Иако целосната вина за поразот не е само кај луѓето со свирките, туку и нашиот тим имаше свои грешки, сепак тие двајца беа во главна улога на теренот и го водеа натпреварот под свој диктат.

Нивното делење на правдата или во овој случај на неправдата предизвика ерупција од незадоволство на трибините во Вараждин, каде доминираа македонските навивачи. Македонскиот навивач нема да трпи неправда со оглед на фактот дека одлично го познава ракометот. Овие навивачи ја следат репрезентацијата како религија на секое големото натпреварување уште од 2012 година па наваму, а оваа земја има и двократен европски шампион во името на Вардар и постојани учесници во Лигата на шампиони. Многу добро го познаваме ракометот за Данци да не учат правила, а Холанѓани да ни кажуваат како да навиваме особено кога провокациите доаѓаат од некоја друга страна.

„Човеку, почнаа да маваат кон нас, леташе сè и сешто. Никогаш не сум доживеал вакво нешто. Очигледно, така е таму долу на Балканот“, изјави голманот на Холандија, Матијас Рекс за данската „ТВ2“.

Истиот овој медиум побара изјава и од нашиот пикер Милан Лазаревски. На прашање на Данците, дали би сакал да има вакви навивачи постојано отколку да нема навивачи, популарниот „Мечка“ одговори во свој стил.

„Да, секако. Секој ден. Ги сакам моите навивачи Македонци и секогаш ги подржувам. Ако треба да зборуваме со нив за нешто тоа го правиме зад затворени врати. Никогаш нема да ги критикувам во јавност“, реча Лазаревски за „ТВ2“.

Селекторот Лазаров одлучи денеска да им даде слободен ден на играчите и го откажа тренингот. Тимот ќе има време да собере сили, но и добро да се одмори како физички така и психички по двата исцрпувачки натпревари со Унгарија и Холандија. Утре од 18 часот во последното коло се соочуваме со Гвинеја и со победа треба да го завериме пласманот во главната фаза на турнирот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Струга стои на патот на Вардар кон првиот Куп-трофеј по 18 години

Дејан Дејан

Оклахома убедлива на првиот натпревар со Минесота во финалето на Западот (ВИДЕО)

Дејан Дејан

ФОТО галерија: ТФТ го совлада Работнички и поведе со 2:0

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе