Вести Македонија Топ вести

Системот е-Даноци ќе се усовршува и оптимизира – платформата попладнево ќе биде во неколкучасовен прекин

Системот е-Даноци денеска од 16:30 часот ќе биде недостапен поради извршување неопходни интервенции, соопшти Управата за јавни приходи (УЈП).

Во овој период, даночните обврзници нема да можат да поднесуваат пријави и други електронски поднесоци преку системот е-Даноци. Се предвидува интервенцијата да трае неколку часови, а по завршување на активностите системот повторно ќе биде ставен во функција.

„Во периодот додека трае интервенцијата останатите системи на УЈП ќе бидат во функција и даночните обврзници  непречено ќе може да  поднесуваат пресметките за исплата на личен доход во е-ППД , вклучително и пресметки за плата (МПИН). Апелираме до сите корисници на овој систем да ги завршат своите итни и неодложни обврски пред започнување на интервенцијата“, наведува УЈП.

Според Управата, целта на интервенциите е усовршување и оптимизација на е-Даноци за уште поефикасни и побезбедни услуги.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе