Од вчера во јавноста масовно се потпишува и споделува петиција со која се бара јавните служби да се посветат сериозно на спроведување на законите, кога се во прашање животните и нивната благосостојба. Петицијата е иницирана по веста за угинувањето на кучето Феликс, кое крвнички беше претепано, а по неколку дена ја изгуби битката за живот во Ј.П. „Лајка“.
Во петицијата се бара собранието да подготви и реализира јавна расправа на тема применувањето на законите кога се во прашање животните, посебно во поглед на измачувањето, напуштањето и труењето на животните кое што почна да се случува секојдневно.
Дали животните се заштитени само на хартија?
Анкета: Дали треба казните за измачување, напуштење и убивање животни да бидат ригорозни? Да/Не
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.