Вести Македонија Најважни

Телата на загинатите во несреќата кај Рашче дадени на обдукција

Десетици спасувачи и истражители на левиот брег на Вардар го набљудуваа возилото ауди во кое се одигра трагедијата со 4 жртви. Автомобилот беше извлечен синоќа од студениот Вардар, во него имаше три женски тела.  Мајка, ќерка и снаа загинаа во нереќата, 56-годишниот маж беше пронајден денес попладне.

Детето е згрижено на Клиниката за детска хирургија. Состојбата му е подобрена во однос на вчерашната кога ја преживее несреќата и беше префрлено во болница. Но неговата мајка, тетка,  баба и дедо загинаа во студената река.

Студеното и магливо време ја попречуваа потрагата.

Пожарникарите едвај се спуштаа од стрмиот десен брег, додека спасувачи имаше во реката и ги проверуваа локациите посочени од дронови кои од воздух пребаруваа. Потрагата ја отежнуваше и фрлениот градежен шут и ѓубре на речниот брег.

Причината за трагедијата допрва ќе се утврдува. Синоќа коловозот бил влажен и подмрзнат, па жителите кои ја набљудуваа потрагата во Вардар бараа да се фрли сол и на тој локален пат кој го користат жителите на општина Сарај.

Миомир Серафиновиќ

Пронајдено телото на мажот од несреќата кај Рашче по кого се трагаше од доцна синоќа

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета

Дејан Дејан

Невреме со дожд и град во Скопје

Дејан Дејан

Високи претставници на ЕУ ги осудуваат санкциите на САД против МКС

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе