Ракомет Спорт

Галевски: Предизвикот е голем, но не треба да ни биде притисок

Македонската ракометна репрезентација трет ден работи напорно во Стара Пазова во рамки на подготовките за Светското првенство во јануари. Нашиот тим првата фаза ќе ја комплетира во Србија до 30 декември по што ракометарите ќе имаа краток и заслужен одмор за Нова година.

Селекторот Кирил Лазаров во Скопје во неделата само направи прозивка на повиканите 20 ракометари кои ќе бидат во комбинација за Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка, па експедицијата веднаш замина за Стара Пазова.

Меѓу повиканите ракометари е и младиот голман Иван Галевски. Чуварот на мрежата на Алкалоид за прв пат доби сениорски повик во евроквалификациите за дуелите со Естонија и Литванија, а сега ќе конкурира и за настап на Светското првенство.

„Чест и задоволство ми е што сум дел од овој колектив. Нѐ очекува еден голем предизвик, но тоа не треба да ни претставува притисок, напротив еден мотив плус за секој го даде својот максимум. Подготовките се одвиваат добро и се надевам дека подготвени ќе го дочекаме стартот на Светското првенство”, изјави Галевски.

Македонија своите натпревари од групата Д, што се игра во Вараждин, Хрватска, ги стартува на 15.јануари против Унгарија. Два дена подоцна играме со Холандија, а во последното коло на 19-ти, ќе се соочиме и со Гвинеја. Првите три репрезентации од групата се пласираат во главната фаза, последнопласираниот тим ќе продолжи да игра Президент куп.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алкалоид ги распродаде картите за финалето со АЕК: Гостите доаѓаат со свои навивачи

Дејан Дејан

Тренерот и директорот на ФК Кожув суспендирани на две години од фудбалот

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед и Тотнем во битка за Лигата на Европа и „виза“ за Лига на шампиони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе