Ракомет Спорт

Ракометарките во недела ќе го дознаат противникот во баражот за СП 2025

По завршувањето на главната фаза на Европското првенство во Австрија, Швајцарија и Унгарија, женската ракометна репрезентација на Македонија ги дозна можните ривали во баражот за пласман на Светското првенство во 2025 година. Ждрепката е закажана за во недела.

Ракометарките на Европското првенство освоија само еден бод во групата, благодарение на ремито со Турција, а загубија од фаворитите Унгарија и Шведска. Македонија се најде во вториот квалитативен барабан пред ждрепката, а како можни ривали од првиот барабан ни се Шведска, Црна Гора, Полска, Романија, Словенија, Швајцарија, Шпанија, Австрија, Чешка, Исланд и Фарски Острови.

Сите овие можни ривали се со голем квалитет, па затоа можеби наш најпосакуван противник е селекцијата на Фарски Острови. Бараж натпреварите за Светското првенство во 2025 година што ќе се игра во Холандија и Германија се закажани за деветти или десетти април, а реваншите се една недела подоцна.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алкалоид ги распродаде картите за финалето со АЕК: Гостите доаѓаат со свои навивачи

Дејан Дејан

Тренерот и директорот на ФК Кожув суспендирани на две години од фудбалот

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед и Тотнем во битка за Лигата на Европа и „виза“ за Лига на шампиони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе