Вести Македонија Топ вести

ОУ „Лазо Ангеловски“ го прекина бојкотот, учениците утре продолжуваат со настава

Во ОУ „Лазо Ангеловски“ во Аеродром утре учениците ќе се вратат на настава. Бојкотот кој траеше два дена е прекинат по одлука на Советот на родителите во училиштето, кој го прифатил решението проблематичниот третоодделенец да не ја следи физички наставата туку онлајн до крајот на првото полугодие.

За решение на проблемот МОН формираше комисија со претставници на Центарот за социјални работи, кои во наредниот период ќе ја следат состојбата и стручни лица ќе работат со детето со агресивно и асоцијално однесување, вклучувајќи го и неговото семејство.

Проблемот со ученикот се актуализираше по најавата тој да биде префрлен во ОУ „11 Октомври“ во Центар. Бојкот почнаа родители на децата што учат таму, па директорката ја повлече одлуката, а откако детето требаше да се врати на настава во „ОУ „Лазо Ангеловски“, бојкот почнаа и во матичното училиште.

Во решавање на проблемот се вклучи и МОН. Министерката Весна Јаневска минатата недела изјави дека секое дете има право на образование кое е задолжително и дека „детето не може и не смее да остане на улица“.

Државата е должна, заедно со училиштата, да му овозможат на детето да поминува низ образовен процес. Министерството сериозно ќе се заложи да го реши овој проблем иако тоа не се негови ингеренции. Поголеми ингеренции имаат општините, педагошките служби, социјалните служби и управителите на училиштата, рече Јаневска.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе