Вести Свет Топ вести

Јужнокорејскиот претседател ќе го укине указот за воена состојба откако ќе има кворум во Собранието – протестите продолжуваат

Јужнокорејската опозиција започна постапка за отповикување на претседателот Јун Сук Јеол по неговиот неуспешен обид да воведе воена состојба во земјата. Претседателот на Јужна Кореја изјави дека ќе укине указот за воена состојба откако пратениците ќе гласаат против.

„Ќе го прифатам барањето на парламентот и ќе ја укинам воената состојба преку седница на кабинетот. Сепак, иако веднаш свикав владина седница, кворумот за решавање се уште не е исполнет поради раниот час, па ќе го укинам веднаш штом е постигнат кворум“ изјави  Јун Сук Јеол, претседател на Јужна Кореја.

Предлог-законот се очекува да биде разгледан во Националното собрание на Јужна Кореја, а гласањето за импичмент е предвидено да се одржи наредните денови. За да биде симнат од функцијата опозицијата која брои мнозинство треба да добие поддршка од 200 членови во парламентот од вкупно 300.

Генералниот секретар на САД, Блинкен ја поддржа одлуката на претседателот Јун за повлекување на одлуката за воена состојба.

„Ја поздравуваме изјавата на претседател Јун за повлекување на наредбата за воена состојба и имаше едногласно гласање во Националното собрание за отфрлање на одлуката, а тој се надоврза на тоа. Според наше мислење, сите политички несогласувања треба да се решат на мирен начин и во согласност со владеењето на правото“.  Ентони Блинкен, генерален секретар на САД

Премиерот на Јужна Кореја, Хан Дук-су, изјави дека ќе продолжи да му служи на народот, иако земјата беше во центарот на политичка криза. Во своето обраќање, тој се извини за големата вознемиреност што ја предизвикала оваа ситуација и нагласи дека Владата и јавните службеници ќе работат на обезбедување на безбедноста на граѓаните и на враќањето на секојдневниот живот.

Во исто време, шефот на кабинетот на претседателот Јун Сук Jeол, министерот за одбрана и други високи функционери поднесоа колективна оставка.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека Алијансата ги следи настаните во Јужна Кореја, но дека не планира да ја коментира внатрешно-политичката ситуација во земјата. Руте нагласи дека Јужна Кореја е важен партнер за НАТО.

  • „Ги следиме настаните во Република Кореја и Јужна Кореја чекор по чекор. И ние сме многу заинтересирани за тоа како ова ќе се развива понатаму. Не сакам да коментирам сега бидејќи Корејците самите во овој момент се обидуваат да ја стабилизираат ја ситуацијата“ изјави Марк Руте, генерален секретар на НАТО.

Протести продолжуваат во Сеул, а најголемата синдикална организација започна штрајк. Парламентот на Јужна Кореја воведе забрана за влез во зградата на Националното собрание на сите одбранбени службеници и полицајци. Демонстрантите се собраа пред претседателската палата во Сеул барајќи оставка од претседателот, но беа спречени од јужнокорејската полиција.

Теа Димковска

Опозицијата започна постапка за отповикување на претседателот на Јужна Кореја

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сите станари од опожарениот дом во Чемерско се стабилни во болницата во Кавадарци – очекуваат да ги земат најблиските

Дејан Дејан

Завршија тендерите за над 200 проекти, општините конкурирале за 288 за средства од првата транша на унгарскиот кредит

Дејан Дејан

Се намалува бројот на ученици во второто полугодие – 74 се отпишале во Тетово, 27 во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе