Вести Македонија Топ вести

Јавното обвинителство во контрола на Обвинителството за борба против организиран криминал

Премиерот Мицкоски очекува и други остакви во правосудството по онаа од претседателката на Судски совет. Со довербата која ја имаат судството и обвинителството не успеаа, секој што нема да ја оправда довербата на граѓаните треба да си замине, беше неговиот коментар за оставката на Дамева, но не одговори на нејзиниот јавен повик ако има докази дека во судски се фалсификувале записници, како што обвинуваше од собраниска говорница, да ги достави во обвинителството, ако не, да се извини.

Мицкоски и  денеска говореше за дијагнозите на обвинителите, а повтори и дека имаат комотно мнозинство за разрешување на јавниот обвинител, но нема да постапуваат како претходните влади кои веднаш ги менувале јавните обвинители

Очекувам малку поголем фокус да имаат во справувањето со криминалот и корупцијата, но тоа пред сè важи за обвинителите кои што сред акција кога треба да потпишат налог за претрес или приведување, ќе повторам, добиваат главоболка, покачена температура, грчеви во стомак, дијареа, рече Мицкоски.

По критките од власта Коцевски вчера одговори дека сериозно ги сфатил апелите и подготвил упатство со кое ги задолжил сите јавни обвинители итно да дадат приоритет на предметите за корупцијата од интерес на јавноста. А најголем дел од тие предмети се во Обвинителството за гонење организиран криминал предводено од Ислам Абази, каде од денеска 10-на обвинители од републичкото обвинителство ја почнуваа контролата.

Оваа контрола Коцевски ја најави уште пред еден месец во пакет со надзорот на четирите виши обвинителства кои перидов исто така беа под лупа на обвинителите од највисокото обвинителство.

Најмногу внимание привлече надзорот во вишото скопско обвинителство, чиј шеф Мустафа Хајрулахи е суспендиран поради истрагата за злоупотреба на службена положба и малтретирање вработени. Хајрулахи  го обвини Коцевски дека сака да го замолчи и дека му вршел притисок во предметот со бонусите на СЈО да не ѝ се даде статус на оштетена на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Државниот обвинител одговори дека тоа е невиситна и дека се прави хајка против него токму поради контролата на обвинителството. Откако го прочитал извештајот од надзорот Коцевски вчера иницирал дисциплинска постапка за Хајрулахи и за неговиот колега Јован Цветановски поради нестручно и несовесно работење на обвинителите.

Во четири предмети Цветановски се откажал од жалбa или обвинение со што предметите запреле. Согласност за ова во три предмети му дал неговиот шеф Хајрулахи за кој има забелешки и поради неправилности при заведување на предметите.

За дел од медиумите Цветановски изјавил дека не знае за кои 4 предмети станува збор затоа што извештајот не му бил доставен и немал можност за дополнително објаснување. Смета дека не постојат основи за дисиплинска постапка.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Министерството за финансии денеска исплати еврообврзница издадена во 2018 година во износ од 500 милиони евра

Дејан Дејан

Часови го делат Трамп од враќање во Белата куќа – уште првиот ден најави стотици извршни наредби

Дејан Дејан

За случаите со Бојан Христовски и Дрин Ахмети, обвинителството чека меѓународна правна помош – за Артан Груби истражуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе