Вести Македонија Топ вести

Цела година ни праќаше фотографии на Ватсап од средби со политичари – пранкерите Вован и Лексус за искуството со Заев

Првиот разговор го имале во 2018-тата година, останатите два во 2019-тата година, во трите наврати се претставувале различно – како поранешниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, екоактивистката Грета Тунберг и како екс претседателот на Украина, Петро Порошенко. Последниот разговор го чувале цела година, пред да додадат делови и од останатите два и во јуни во 2019 година да „закачат“, речиси, едночасовен материјал на Јутјуб. За сиот тој период, им праќал фотографии од средби со други политичари преку Ватсап.

Ова е искуството на руските пранкери Вован и Лексус со поранешниот македонски премиер Зоран Заев што го споделија во гостување на подкастот на блогерот Артемиј Лебедев кој е достапен на социјалната мрежа ВКонтакте. Во разговорот, тие го опишаа Заев како херој на нивните шеги и политичар кој успеале да го „возат“ цела година, што, како што велат, не им успеало со останатите кои биле мета на нивните лажни повици и претставувања.

Тие тврдат и дека по објавувањето на разговорите на нивниот Youtube канал, во Македонија имало дебата за безбедносни прашања и сигурност на комуникациите на функционерите.

Теми на разговор на лажните Столтенберг, Тунберг и Порошенко со Заев биле ситуацијата со референдумот, евентуалното влијание на Русија во земјава, за односите меѓу Србија и Косово, за добивање на статус на автокефалност за Македонската православна црква. Лажниот Порошенко го убедувал Заев дека таквата цел е достижна со 100.000 евра мито за вселенскиот Патријарх Вартоломеј.

Мети за шегување на руските пранкери беа и поранешниот британски премиер Борис Џонсон, поранешниот премиер на Луксембург и екс претседател на Европската комисија, Жан Клод Јункер, францускиот претседател Емануел Макрон и неколку гувернери и конгресмени во САД.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Манчевски започнува да го снима новиот филм „Збогум Копакабано“

Дејан Дејан

Официјална Бугарија не се извинува туку бара извинување од Мицкоски

Дејан Дејан

Крвава пресметка на битолскиот пазар заради местоположба на тезгите – 42-годишник од зад грб се обиде да убие тезгаџија со нож

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе