Ракомет Спорт

ФОТО галерија: Вардар со триумф над Мелсунген ја заврши европската сезона

Во последниот натпревар од фазата по групи во ЕХФ Лига Европа, ракометарите на Вардар го совладаа Мелсунген со 32:30 и со победа се прости од настапите во второто по ранг европско клупско натпреварување.

Најефикасен во победничкиот тим со осум погодоци беше Ларс Коиј, Младен Крсманиќ имаше четири гола, а по четири пати во листата на стрелците се запишаа Дмитро Хориха и Ашраф Маргели додека чуварот на мрежата на “црвено-црните”, Мигел Еспиња забележа 16 интервенции.

На спротивната страна Иан Баруфет постигна 10 гола, а четири пати прецизен беше Александре Кавалканти.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алкалоид ги распродаде картите за финалето со АЕК: Гостите доаѓаат со свои навивачи

Дејан Дејан

Тренерот и директорот на ФК Кожув суспендирани на две години од фудбалот

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед и Тотнем во битка за Лигата на Европа и „виза“ за Лига на шампиони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе