Она што вчера беше најавено дека и официјално е потврдено. Скопје и Гевгелија поради скандалозното однесување на ракометарките во натпреварот од Купот на Македонија ги добија соодветните санкции.
Ракометната федерација на Македонија денеска донесе одлука за исклучување од организацијата на двата клуба, а изречени се санкции и за официјалните лица на натпреварот. Членките на стручниот штаб на Скопје, Валентина Радуловиќ и Веселинка Тренковска добија забрана за вршење функција во ракометниот спорт во следниве две години, а идентични казни и е изречена и на претседателката на Гевгелија, Јулија Беќарова.
Санкциониран е и делегатот на натпреварот Митко Ѓоргиевски кој нема право да ја врши функцијата во следниве шест месеци.
Денеска реагираше и Министерството за спорт кое ја потврди најавата на првиот човек Борко Ристовски дека ќе им се поништи решението за дејност спорт на двата клуба кои беа дел од еден од најголемите скандали во историјата на македонскиот спорт.
ФОТО: Игор Паневски