Вести Македонија Топ вести

Владата ќе го чека мислење на Антикорупциска па потоа ќе одлучува за евентуална оставка на првиот човек на АНБ, Бојан Христовски

Владата ќе го чека мислење на Антикорупциска па потоа ќе одлучува за евентуална оставка на првиот човек на АНБ, Бојан Христовски, а новина е дека во меѓувреме се стекнал и со безбедносен сертификат, иако од назначувањето на функцијата е под сомнеж за лажен сертификат за познавање на англиски јазик. Пред две недели кога Христовски седна во фотелјата во АНБ немаше безбедносен сертификат со кој сега има пристап до класифицирани информации со статус „државна тајна“

  • „Да има сертификат државна тајна, а што ќе направи Владата, ќе го чека мислењето на ДКСК“, изјави Мицкоски. 

Христовски во интервју за КОД објавено пред 10 дена потврди дека се уште нема безбедносен сертификат “Државна тајна”, туку само има важечки сертификат со степен пониско.

Антикорупциска веќе има отворено постапка, а по утврдување на фактичката состојба, ќе биде донесена одлука на јавна седница.

  • „Одредени обиди за прикажување на постапувањето на ДКСК како причина за одложување или неактивност на други институции, сметаме дека не се оправдани и може да внесат погрешни перцепции кај јавноста. Укажуваме дека нашата работа не ги заменува ниту ги одложува обврските на другите надлежни органи. Напротив, ДКСК ги поттикнува сите надлежни институции, да ги извршуваат должности во согласност со законските надлежности. ДКСК постапува во рамките на роковите утврдени со закон и тие рокови го диктираат постапувањето на ДКСК, обезбедувајќи така систематичен и транспарентен пристап во проверките.“

Обвинителството претходно за ТВ Телма соопшти дека ќе ја чекаат разрешницата во ДКСК, па потоа ќе постапува. Од МВР ни одговорија дека ќе постапуваат неселективно, без да наведат дали веќе нешто е преземено.

Опозициската СДСМ најави дека ќе поднесе иницијатива за свикување на јавна седница на собраниската комисија за надзор над работата на АНБ, на која ќе биде поканет  Христовски за да одговори на сите отворени прашања.

„Едно од тие прашање е добиено од свиркачи, вработени безбедносно-разузнавачката заедица, и е следно: каде бил Бојан Христовски на денот на полагањето? Каде престојувал, неколку дена пред датумот на полагањето. Но, и многу други поврзани со неговите сегашни активности во Агенцијата“ изјави Славјанка Петровска, од СДСМ.

Инаку веќе има две условни пресуди за директорки на училиште за користење на лажен сертификат од истото училиште Јулија од Пловдив од каде е издаден документот и на Христовски. Во дел од пресудата на која е посочено името на училиштето се вели дека директорките употребиле фалсификувани документи за да се пријават на конкурсот. И двете признале вина дека изработиле непостоечки документ за што добиле условни затворски казни од две години. Пресудата е донесена на 9 ти октомври.

Христовски во својата биографија со која конкурирал за асистент на Факултетот за безбедност навел дека има сертификат од истата јазична школа за која и бугарски новинари открија дека не постои на локацијата и не се занимава со полагање на ТОЕФЛ.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гуми, покуќнина, санитарија, пластика – куп отпад изваден од дното на Охридското Езеро

Дејан Дејан

Без право на вето на секоја членка, ќе нема Европска Унија, смета Фицо

Дејан Дејан

Тешко повреден малолетен пешак – сообраќајна несреќа во Кавадарци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе