Ракомет Спорт

Вардар со Стоилов на клупата ќе бара изненадување во Порто

Вардар вечерва од 20:45 часот му гостува на Порто во рамки на 4.коло во Европската лига на ЕХФ. „Црвено-црните“ на овој натпревар ќе бидат предводени од клупата од Стојанче Стоилов, кој привремено ќе го преземе кормилото по отказот за тренерот Владо Недановски.

Најтрофејниот македонски клуб минатата недела загуби на домашен терен од Порто со 22-26 и значително си ги намали шансите за освојување на 2.место во групата Ф што води во следната фаза од натпреварувањето. На скопскиот состав вечерва ќе му треба поубедлива победа од четири голови разлика за да се врати во игра за 2.место, но ќе му треба и добар резултат на гостувањето кај Валур.

Слабите резултати во Европската лига значеа и промена на клупата на „црвено-црните“, па раководството реши да се раздели со Владо Недановски. Неговиот помошник Стојанче Стоилов привремено ќе го води тимот барем додека не биде назначен нов тренер. Претседателот Михајло Михајловски најави дека клубот е во преговори со тројца тренери и до среда ќе се знае кој ќе го предводи тимот во продолжение од сезоната.

Лидерот во групата Мелсунген, кој има максимални три победи од три натревари вечерва гостува кај Валур, кој е последен во групата со 1 бод освоен против Порто на домашен терен.

Фото: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алкалоид ги распродаде картите за финалето со АЕК: Гостите доаѓаат со свои навивачи

Дејан Дејан

Тренерот и директорот на ФК Кожув суспендирани на две години од фудбалот

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед и Тотнем во битка за Лигата на Европа и „виза“ за Лига на шампиони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе