Ракомет Спорт

Охрид се збогува од ЕХФ Купот: Загуби со 10 голови разлика од Потаиса Турда

Охрид е елиминиран во 2.коло од ЕХФ Купот откако денеска загуби убедливо со 39-29 на гостувањето кај Потаиса Турда.

Нашиот тим не ја одбрани предноста од шест голови разлика од првата средба одиграна минатата сабота во салата „Биљанини извори“ и денеска комплетно потклекна пред романскиот состав.

Иако во првото полувреме Охрид имаше активен резултат и на паузата замина со негатива од само три голови или 17-14, комплетно се распадна во вториот дел. Романците имаа серија од 9-2 по што поведоа со +11 голови разлика и не дозволија тимот на Стевче Алушовски да се врати во игра. Конечниот резултат гласеше 39-29.

Гоце Ојлески и Теимураз Орјоникидзе беа најефикасни во нашиот тим со по пет голови, додека нерешлива енигна во тимот на Потаиса Турда беше  Раду Кристијан Гита, кој постигна 15 погодоци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алкалоид ги распродаде картите за финалето со АЕК: Гостите доаѓаат со свои навивачи

Дејан Дејан

Тренерот и директорот на ФК Кожув суспендирани на две години од фудбалот

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед и Тотнем во битка за Лигата на Европа и „виза“ за Лига на шампиони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе