Кошарка Спорт

Работнички се распадна во второто полувреме и загуби убедливо од Војводина

Работнички го доживеа и вториот убедлив пораз во рамки на АБА2-лигата откако вечерва загуби на гостувањето кај Војводина со 93-62 во рамки на 2.коло.

Македонскиот тим беше во негатива во текот на целиот натпревар, но во првото полувреме успеваше да одржи каква-таква резултатска неизвесност. По двете четвртини резултатот беше 47-38. „Центарци“ беа со скратена ротација, бидејќи на гостувањето во Нови Сад заминаа со десет играчи, па заморот си го направи своето во вториот дел.

Војводина само ја зголемуваше предноста, која во последниот период достигна и највисоки +35. Работнички до крајот само успеа минимално да намали за конечни 93-62.

Виктор Ефремовски со 17 и Стојан Ѓуроски со 15 најмногу се истакнаа во таборот на Работнички, додека кај Војводина најдобар беше Џордан Дингл со 15 поени.

За потсетување, Работнички во првото коло од групата Б на домашен паркет загуби од Сутјеска со 58-71, а во следното трето коло на 23.октомври ќе ја пречека екипата на Босна.

Од останатите македонски тимови во АБА2, МЗТ во четврток гостува кај Цедевита Јуниор во рамки на групата А, додека Пелистер својот дуел од 2.коло од групата Ц против Подгорица го игра дури на 15.октомври на гостински паркет.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Омерагиќ: Кожув и Башкими оставија црна дамка во македонскиот фудбал

Дејан Дејан

Омерагиќ: Воска и Гостивар со своите постапки сами се исфрлија

Дејан Дејан

Младите шахисти ќе ги одмерат силите на „КВАЛИТЕТ 2025“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе