Три лица на возраст од околу 20 години загинаа во сообраќајна несреќа што се случи доцна синоќа на патот Гњилане – Приштина, кога автомобилот со кој се превезувале паднал во Бадовачкото езеро.
Според косовските медиуми, тие со нивното возило паднале во Бадовачкото езеро, од каде биле извлечени утрово, по седумчасовна претрага од страна на спасувачките тимови на Безбедносните сили на Косово.
Информацијата за тешката сообраќајна несреќа во изјава за медиумите ја потврди портпаролката на косовската полиција за приштинскиот регион, Флора Ахмети.
„Синоќа околу 23:00 часот добивме информација дека на патот Гњилане – Приштина се случила сообраќајна незгода со смртни последици. Во несреќата учествувало едно возило во движење. Во несреќата загинале три лица. Смртта ја констатира медицинска екипа на местото на настанот. Во моментов во тек е полициска истрага за расветлување на околностите кои довеле до оваа несреќа“, изјави Ахмети.