Uncategorized Вести Македонија Топ вести

Раната детекција и спречување на ширење на чумата кај овците и козите се клучни за да се спречи ова вирусно заболување ,велат стручњаците

Да се подигне свеста за што поскоро преземање соодветни мерки со што би се спречило понатамошно ширење на високозаразната болест чума кај млади преживари поради која во Грција веќе се уништени 15.000 стада на овци и кози. Во тек се финални подготовки на планот за рана детекција на болеста. Земјата е поделена на две зони. На високоризична зона која граничи со Грција и остатокот од земјата е нискоризична зона и од двете зони ќе се земаат примероци за клинички истражувања, со тоа што во нискоризичната зона би биле со помал интензитет.

Тоа е со цел за рано откривање на болеста. Исто така го ревидираме и планот за итни мерки, оваа болест се вбројува во категорија А болести за кои се предвидени планови за итни мерки, односно брзо искоренување на болеста доколку се појави кај нас. Тоа се чекорите кои ги прави АХВ, а веќе Агенцијата за храна и ветеринарство има издедено решение за забрана за увоз за живи животни и животинско потекло за да се намали ризикот од внес на болеста во нашата земја. изјави Вања Кондратенко, раководител на Сектор за здравствена заштита на благосостојба на животните при АХВ

Во контиуниитет надлежните институции се во координирана соработка со градоначалниците во пограничниот дел со Грција за да не дојде до појава на оваа високоризична болест, вели првиот човек на Агенцијата за храна и ветеринарство Миланов .

Претходната недела имав состанок и со министерот за локална самоуправа Златко Перински. Во тек е и меморандум за склучување на соработка со министерот за одбрана Владо Мисајловски каде што ќе бидеме макотрпно на терен вклучени сите екепи изјави Оливер Миланов директор на Агенција за храна и ветеринарство

Во моментов најважно е фармерите, производителите да се информираат за да ги препознаат сите знаци, симтоми кои би се појавиле кај овците и козите и да се земат соодвени материјали за анализа.

Тоа се висока температура, губење на апетит кај самите животни, исцедок од носот, исцедок од очите, евентуално појава на дијареа кај животните, појава на абортуси. Тоа се главните симптоми кои можат да им укажат дека станува збор за чума кај мали преживари и во тој случај треба да ги контактираат своите матични ветеринари и потоа докторите по ветеринарна медицина знаат како да ја продолжат постапката изјави Игор Џаџовски Факултет за ветеринарна медицина- Скопје

Со оглед на брзината и начинот на ширење на болеста не е исклучено за кусо време да се појави и до границата со Македонија. Во моментов во земјава нема потврден случај. За оваа болест има вакцина, но ние како земја сме единствени во регионот кои и официјално сме слободни во однос на извозот, вели професор Џаџовски,  затоа што во Македонија ја нема болеста и се извезува живо јагне кон земјите од ЕУ, пред се во Италија и Грција. Сепак во случај на употреба на ваква вакцина извозот би бил забранет и следува долг процес на добивање статус на земја кој може слободно да извезува јагнешко.

Нина Стефанова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Престрелка во Чаир, едно лице е повредено

Дејан Дејан

Мицкоски: Нема да паднеме во замката на Бугарија да бидеме вовлечени во нејзиното предизборие

Дејан Дејан

Продаваат пелети како словенечки, а немаат врска со Словенија – директорот на ДПИ со предупредување до граѓаните

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе