Вести Македонија Топ вести

Ги наследил тајните од татко му, нема кому да ги пренесе – тетовецот Азис Шабани со порака до младите да не бегаат од занает

Младите веќе не сакаат работат занаетчиство, вели Азис Шабани од тетовско, кој речиси целиот работен век е мајстор за кровни конструкции и ниска градба. Тој подолго време бара работник на кого ќе му ги пренесе тајните на занаетот, затоа што наскоро ќе се пензионира, но безуспешно. Со него работат уште неколкумина, коишто, исто така, се повозрасни лица. Шабани се пожали дека нема кој да го наследи, затоа што и неговите деца заминале да живеат и работат во странство.

„Овој занает сум наследил од татко ми и моите браќа. Ние работиме скоро, татко ми 50 години и јас скоро 40, тоа значи 90 години. Со овој занает сме живееле, сме растеле деца, во училиште оделе децата. И сега проблемот е што младите не го сакаат овој занает. Моите деца не се тука, земаме други и тие не сакаат, еве другарите што ги имам овде и тие се при крај на кариера што се вика. Јас уште една година-две“, вели Азис Шабани

Шабани смета дека треба да се вложува во овој занает, затоа што од него, сепак, добро се заработува, но за младите е тешко, па се одлучуваат за други професии, а има и такви кои што во странство, пак, го работат истото.

„Ја сакам на младите да им пратим една порака да не бегаат од овој занает. Треба да има стручна школа за овој занаeт. Младите да одат како во странство што има школи определено за секој занает и така да продолжат. Што значи дека после мене, после нас постарите, нема да има кој да го продолжи овој занает. Работа има доста, но ќе нема кој да работи, тоа е голем проблем. Сите навалиле да одат надвор и таму е тешко. Јас одам кај моите деца гледам дека тие нон-стоп, од сабајле до вечер работат. Овде да се работи толку, како што они трчаат таму, ние би биле побогати 100%“, додава Шабани

Инаку, во текот на изминатите неколку учебни години во земјава се споведе кампањата „Учи паметно, работи стручно“, со цел да одговори на дефицитот на стручни работници. Додека во насока на помош на занаетчиите, новото раководство на Министерството за економија и труд објави повик за субвенционирање.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Регулаторна добила убедување од ЕСМ дека наскоро ќе завршат работите на новиот топловод под мостот Беласица

Дејан Дејан

Раст на криминалните банди во Данска, регрутираат членови преку социјалните медиуми

Дејан Дејан

Стотици занаетчии од полошкиот регион поради сивата економија мака мачат со егзистенцијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе