Вести Македонија Топ вести

Огромна гужва на Евзони: Поради пад на системот се чека и по повеќе од три часа

Во ек на летна сезона големи гужви на граничните премини во Македонија.

Редици возила чекаат на влез на граничниот премин Евзони во Грција. Причина е пад на компјутерскиот систем на граничниот премин.

Во моментов создадена е долга колона на патници кои чекаат да ја преминат границата.

Според информациите кои се објавуваат на социјалните мрежи, се чека и по повеќе од три часа.

Во моментов ништо подобра не е ниту состојбата на алтернативниот премин Дојран, таму за влез и за излез од државата се чека над два часа.

Долги колони има и на граничниот премин Прешево, на влезот од Србија кон Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Камиони со хуманитарна помош влегоа во Газа по, речиси, три месеци

Дејан Дејан

Се воведува систем за влез/излез – ЕУ и ЕП постигнаа договор за укинување на печати во пасошите

Дејан Дејан

Флакрон Беџети си поднесе оставка на функцијата заменик министер за земјоделство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе