Вести Македонија Топ вести

Царинска управа: Секој обид за нелегален изнес на девизи се санкционира – денес запленети 6.850 евра

Царинската управа спречи обид за нелегално изнесување девизи на граничен премин Табановце во износ од 6.850 евра, кои македонски државјанин не ги пријавил.

Девизите се одземени, а против лицето е поднесена и пријава за девизен прекршок, информираат од Царинската управа.

Лицето, инаку сопатник во товарно моторно возило и возачот на камионот на прашање на царинските службеници дали имаат нешто за пријавување одговориле дека немаат ништо.

Поради сомневање возилото е селектирано на контрола, при што во левиот преден џеб на сопатникот се пронајдени 8.850 евра за кои лицето не поседувал документ за потекло на парите. Согласно Законот за девизно работење на лицето му се вратени две илјади евра, а останатите се одземени, велат од Царинската управа.

Оттаму додаваат дека ова е втор случај во два дена на заплена на девизи и апелираат до граѓаните да ги пријавуваат девизите при влез и излез од државата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Битолчани на втор протест против изградба на Регионална депонија во Новаци

Дејан Дејан

22 годишно момче, втор пациент кој се лекува во странство, попладнево слета на скопскиот аеродром

Дејан Дејан

Куќен притвор за двајцата поранешни градоначалници на Кочани и директорката на ДПИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе