Вести Македонија Топ вести

Ќе нема зголемување на цената на струјата од 1 јули за домаќинствата и малите потрошувачи на регулираниот пазар – изгласани дополнувањата на законот за енергетика

Собранието попладнево во рамки на 8-та седница, едногласно, со 84 гласа „за“ го донесе Законот за дополнување на Законот за енергетика со што ќе се спречи зголемување на цената на електричната енергија од 1 јули годинава за домаќинствата и малите потрошувачи кои се на регулираниот пазар.

Со дополнувањата на Законот во членот 1 се врши дополнување на членот 101 односно се додава став (10) кој има за цел утврдување на исклучок од ставот (9), односно доколку назначениот универзален снабдувач ја обезбедувал универзалната услуга до завршување на утврдената тендерска постапка да не е должен да основа ново друштво за обезбедување на услугата. Со ваквата одредба освен сигурно и безбедно се обезбедува и континуитет во снабдувањето со електрична енергија. Со членот 2 се врши дополнување во членот 237 преку додавање на став (14) кој е усогласување со членот 1 од овој закон односно има иста цел обезбедување на сигурно, безбедно и континуирано снабдување со електрична енергија.

Со ова решение ќе се обезбеди сигурно, безбедно и континуирано снабдување со електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи. Претходно, законските дополнувања беа усвоени од матичната Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика и на Законодавно-правната комисија.

Најавена изградба на најголемата ветерна електрана во Македонија – од бизнисмен близок до ВМРО-ДПМНЕ до инвестициски фонд од Луксембург

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Сè е поскапено, инфлацијата повторно скокна, мерки засега во најава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе