Во голема финансиска дупка и загуба е државната енергетска компанија ЕСМ која е најголем производител на струја за домаќинствата.
Државната помош престана, а наместо тоа како што објавува КОД, на ЕСМ им се даваат совети и препораки како да се извлечат од финансиската криза. Според некои информации, долгот на Електрани е околу 200 милиони евра.
Во КОД вечерва и ин мемориам – интервју со првиот претседател на Собранието Стојан Андов кој за КОД пред 6 години откри како на тајна средба во Швајцарија во 1992-рата, на обичен лист хартија, дошол првиот предлог за решавање на спорот со името во Грција. Емисијата е по вечерните вести на Телма.