Останато Спорт

Иџе славеше во Германија: Прва победа во Ферари сезонава

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе вчера ја оствари првата победа со Ферари во Европскиот шампионат на ридски патек. Македонецот беше најбрз на трката Глазбахренен во Германија.

На петтата сезонска трка Иџе конечно дојде и до првиот триумф сезонава. Во Германија вчера беше побрз од конкуренцијата и по двете трки имаше вкупно време од 4 минути, 40 секунди и 748 илјадитинки. За нашиот натпреварувач тоа беше прва радост во Ферари со кое се трка сезонава. Претходно имаше две втори места во Португалија и Чешка, трето место во Австрија, а во Шпанија беше прв по само една трка, а втората не се одржа, па затоа доби само половина бодови.

Во пласманот во гатегоријата 1 и групата 1, Стефановски е лидер со 88,5 бодови, 33,5 бодови повеќе од Хрватот Домагој Перековиќ, додека трет е Шимон Пиекос од Полска со четириесет бодови. Во генералниот поредок во сите конкуренции во Европскиот шампионат на ридски патеки нашиот Иџе се наоѓа на шестата позиција.

Сезоната е на точно половина од трките, а следниот предизвик за нашиот автомобилист е трката во Италија, што ќе се одржи на 14 јули. Потоа следуваат натпреварите во Полска, Швајцарија, Словенија и финалето традиционално е во Хрватска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Мотокрос атракција на патеката во Орман

Дејан Дејан

Ивановски на чекор до пласман на главниот турнир

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Ивановски и Поп Арсова победници на HalkEco Скопје Трча

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе