Вести Економија

Климатските промени влијаат врз производството на храна

Климатските промени имаат влијание врз производството на храна, но на експертите потребни им се долгододишни податоци за да направат една квалитетна анализа и стратегија. Според мерењата на УХМР последните години се потопли, а со тоа и вегетацијата на растенијата е поместена за две до три недела.

Оваа година временските прилики беа погодни за житните култури.

Бубе Трајковски, кој е еден од најголемите производители на житни култури во земјава вели за да имаме одржливо произвоство на житни култури кои ќе дадат добри приноси и покрај климатските промени потребно е користење на фунгициди. Трајковски успеал да го дуплира производството на житото.

Климатските промени донесоа низа на болести на земјоделските култури. Научната фела смета дека токму поради ова треба да се работи на откривање на нови хибриди, а осбено на кочанскиот ориз кои ќе бидат отпорни и прилагодливи на новите климатски услови.

Штипскиот земјоделски факултет денеска е домаќин на четвртото меѓународно научно советување, а на едно место ги осбра научната фела, студентите и земјоделците.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не сум сигурен дека ќе нема реконструкција во владата до локалните избори, смета Арсовски

Дејан Дејан

Рано е за предвремени избори, смета политикологот Божиновски

Дејан Дејан

Арсовски: ВМРО-ДПМНЕ ќе плати висока политичка цена со враќање на ДУИ на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе