Вести Македонија Топ вести

Жители на Ореовец ја спречуваат Бехтел и Енка во изградба на автопатот Прилеп-Битола

Жителите на прилепското село Ореовец и сопствениците на викенд куќите, со блокада на локалниот пат го спречуваат  конзорциумот Бехтел и Енка да продолжи со ископ, на градежен материјал за потребите при изградба на автопатиштата. Со двете минирања извршени деновиве велат се нарушува статиката на нивните куќи, се загадува животна средина, а стравуваат и од трајно уништување на изворите од каде Прилеп обезбедува дел од потребите за вода.

,,Не револтира што се загадува животната средина. Имаме 9 извори со вода кои го снабдуваат Прилеп, а исто така изворот за селото е во непосредна близина каде минира Бехтел и Енка, вели Борис Бошкоски”, жител на Ореовец.

 

,,За три недели ја турнаа планината, го нарушија мирот, го нарушија селото. Почнаа да минираат и го нарушија животинскиот и растителниот свет во селото. Од  една еколошка чист средина дојдовме до загадена срдина, полна со силикатна прашина”, вели Рубин Рујановски, жител на Ореово.

Сега жителите поднесоа предлог до Основниот суд во Прилеп вешти лица да ги утврдат штетите предизвикани врз животната средина, загрозувањето на сигурноста на жителите со минирањата и штетите врз објектите.  Исто така до Уставниот суд е поднесена иницијатива за оспорување  на уставноста  на членови од Законот за изградба на автопатите

,,Преиспитувањето на уставноста се бара затоа што се нарушени најмалку три темелни вредности ан уставот, а една од нив е и најважно за нас е правото и заштита на животната средина и природата”, изјави Жарко Стевановски, правен застапник  на жителите.

Жителите велат дека имаат само едно барање, изведувачот да замине од оваа чиста животна средина и базата за потребите на автопатиштата да ја гради на друго место.

,,Бараме да се повлечат од тука, да не остават на мира, да ја остават еколошки чистата средина. Немаме ништо против градење на автопатот ,но  нека се лоцираат некаде каде не можат да загадуваат”, потенцираше Рујановски.

ТВ Телма  упати прашања до Јавното претпријатие за државни патишта околу барањата на жителите на  Ореовец, од каде очекуваме одговори.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп и воведе царини од 33% на Македонија, скоро како Кина која доби стапка од 34% и повеќе од ЕУ која ќе има царини од 20%

Дејан Дејан

Битолчани по третпат на улица против изградба на регионален Центар за отпад во близина на РЕК

Дејан Дејан

Се продава „Соравиа“ со која оперира Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, за над 22,4 милиони евра – извршител го распишал огласот по деновите на жалост за Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе