Вести Македонија Топ вести

Отпорни на надворешни влијанија, достава по карго – „НМК“ налепници на Фејсбук, се продаваат за 50 денари парче

Отпорни на надворешни влијанија, достава по карго, димензии и боја по желба. На Фејсбук се појавија огласи за продажба на налепници со „НМК“ за регистарските таблички на возилата, без притоа да биде наведена цената. Во истовреме, во станиците за технички преглед се создаде метеж за набавка на налепниците.

Министерството за внатрешни работи (МВР) претходно соопшти дека налепниците со НМК ќе бидат бесплатни за граѓаните.

Налепници со „НМК“ за регистарските таблички на возилата се појавија и во продавници ширум Скопје по цена од 50 денари за една или 100 денари за лепенка на предната и задната табличка на возилата. Граѓаните кја користат приликата, ги купуваат и самите ги лепат, со образложение дека сакаат да ги избегнат гужвите и процедурите во станиците за технички преглед.

Налепници во АМСМ нема, сообраќајните дозволи уште се наплаќаат

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Сè е поскапено, инфлацијата повторно скокна, мерки засега во најава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе