Вести Македонија

Последна вест: Возачките дозволи ќе важат уште десет месеци до крајот на годината

Собранието ја почна расправата за измените на законот за безбедност во сообраќајот со кои возачките дозволи и со старото уставно име ќе важат до крајот на годините, а не до утре како што беше согласно актуелната верзија на Законот донесена поради преспанскиот договор.

Претходно Стево Пендаровски во изјава за повеќе медиуми при настан во Чаир прв ја соопшти информацијата дека сите возачки дозволи без разлика дали со уставното име Република Северна Македонија или старото Република Македонија, ќе важат до крај на годината.

-Вчера разговарав со претседателот на Собрание, му сугерирав да ги собере сите пратенички групи и да се обидеме да ја надминеме оваа ситуација која е неиздржлива од аспект на интересите на нашите граѓани. Можам да ве информирам дека сите пратенички групи, безмалку сите пратенички групи дадоа согласност за тој предлог. Денеска во 16 или 17 часот е закажана Седница на Парламентот колку што јас знам на која ќе се донесе измена на Законот за возачки дозволи со која ќе се продолжи рокот за важење во внатрешниот правен промет, се разбира, на возачките дозволи до крајот на годината, претпоставувам во Законот ќе стои 10 месеци плус. Треба да се сменат во тие следни 10 месеци, да се заменат околу 270 илјади возачки дозволи. Значи, добро е што конечно се оди во таа насока и што партиите, и од власта и од опозицијата, постигнаа конечно консензус за едно прашање кое е од значење за сите граѓани, изјави Пендаровски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Исплатена трета транша од унгарскиот кредит

Дејан Дејан

Инцидент меѓу демонстрантите и полицијата во Нови Сад

Дејан Дејан

Само во периодот од 2020 до 2023 година во сообраќајни несреќи во Македонија загинале 457 луѓе

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе