Вести Спорт Топ вести

Канзас сити ја одбрани титулата во НФЛ – Супербол спектакл во Лас Вегас

Екипата на Канзас Сити Чифс ја одбранија шампионската титула во НФЛ, откако ноќеска во Лас Вегас го победија Сан Франциско, по продолженија, со 25:22. Чифси триумфираа со тачдаун на Мекол Хардман по додавање на Патрик Махомс. Ова за нив е четврто славје во Супербол спектаклите, трето во последните пет години.

Финалето изобилуваше со пресврти. „Фортинајнерси“ на полувреме водеа со 10:3, но Канзас успеа да се врати во игра и да поведе со 13:10. Потоа повторно се најдоа во ситуација да бркаат негатива, но на крај, сепак, обезбедија продолженија (19:19).

Махомс по третпат во кариерата го понесе признанието за најкорисен играч во Суперболот и по третпат во кариерата го освои и трофејот Ломбарди. Тој е само шести квотербек во историјата на НФЛ со повеќе од три шампионски титули. Енди Рид, пак, стана петти тренер кој три или повеќе пати предводел екипа до титулата.

Канзас Сити е првата екипа која успеала да ја одбрани титулата во НФЛ по Њу Ингланд Патроитс во 2003 и во 2004 година. Тимот на Сан Франциско, пак, остана на петте титули. Последната ја освои во 1995 година и оттогаш беше три пати поразен во финалните натпревари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе