По нападите на САД и Велика Британија врз Хутите во Јемен, американските демократи со критики за претседателот Џо Бајден. Тврдат дека го прекршил уставот.
„Претседателот треба да дојде во Конгресот, пред да почне напади врз Хутите во Јемен и да нè вклучи во уште еден блискоисточен конфликт“, твитна конгресменот Ро Хана.
Притоа тој се повика на член 1 од Уставот и порача дека ќе остане доследен во барањето за почитување на темелниот државен документ, без оглед дали во Белата куќа е демократ или републиканец.
„Делот 2Ц од од Законот за воени овластувања е јасен – Потус може да ги внесе САД во непријателства само по одобрување од Конгресот или во случај на вонредна состојба, кога САД се под непосреден напад“, продолжи демократот од Калифорнија.
Демократот Марк Посан изрази загриженост дека акцијата на Бајден во Јемен би можела да ги вовлече САД во уште еден децениски долг конфликт без одобрување на Конгресот.
„Белата куќа мора да соработува со Конгресот пред продолжување на овие воздушни напади во Јемен“, изјави тој.