Вести Македонија Топ вести

Направивме мали енклави во кои градоначалници буквално не одговараат пред никого – Валентин Груевски во „Топ тема“

Создадовме градоначалници кои кога ќе станат сабајле, може да променат 20 или 30 директори во зависност од големината на општината. Тоа во оваа држава не може да го направи ниту премиерот, градоначалници кои можат да потрошат 30 или 50 милиони евра со свој потпис. Тоа не можат да го направат ниту министрите, вели Валентин Груевски, потпретседател на ЛДП, во вечерашната „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Ние направивме мали енклави во кои тие градоначалници буквално не одговараат пред никого. За разлика од нив, на пример советниците, имате совет кој добил дупло повеќе гласови од градоначалникот. Значи ве претставуваат од разни политички партии, 30.000 гласови наспроти градоначалник со 15.000 гласови. Најголемата небулоза во законот е тоа што, ако на пример буџетот за тековната година не се изгласа до 31 март, советот се распушта, а градоначалникот останува. Ако советник отсуствува три седници на советот, него му престанува мандатот. Ако советот не се состане шест месеци, тогаш советот се распушта. Градоначалникот може четири години да не дојде на седница на совет и тоа се случува“, истакна Груевски.

Груевски најави дека ќе се собираат потписи по одлуките на Централниот одбор со кои ќе се направи обид за предизвикување на промена на законот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Герасимовски: Дебар Маало го прослави роденденот на најпознатиот центарец Горан Стефановски

Дејан Дејан

Ахмети: Куќа не се одржува со кредити, ние си обезбедуваме леб со работа, тие што така мислат го видоа резултатот на 24 април

Дејан Дејан

Битиќи: Резултатот е 0:0, сè уште нема победник и поразен, одлуката ќе падне на 8 мај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе