Останато Спорт

Ди Џанантонио победи во Катар: Бањаја ја зголеми предноста пред Мартин на врвот

Фабио ди Џанантонио дојде до својата премиерна победа во кариерата во Мото ГП шампионатот на денешната трка во Катар. Титулата ќе се решава на последната трка во Валенсија, бидејќи Франческо Бањаја финишираше на подиумот, но Хорхе Мартин беше само 10-ти.

Ди Џанантонио ја изненади конкуренцијата и славеше на трката за Големата награда на Катар. Второто место го освои бранителот на титулата и актуелен лидер во генералниот пласман Бањаја, додека целосно италијанскиот подиум го комплетираше Лука Марини.

Најголемиот ривал на Бањаја за титулата Хорхе Мартин денеска беше немоќен и го освои само 10-тото место, но тоа беа важни шесто бодови, кои го оставаат во борбата за тронот.

Во генералниот поредок сега Бањаја на врвот има 437 бодови, 21 повеќе од Мартин.

Последната сезонска трка е за Големата награда на Валенсија веќе следниот викенд. Во сабота се вози спринтот, а во недела е главната трка. Титулата е целосно отворена, бидејќи во оптег се максимални 37 бодови, ако еден возач ги освои двете трки.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе