Вести Македонија

Пожар кон граничниот премин Блаце, се шири кон шума

Попладнево изби пожар на патот кон граничниот премин Блаце, каде што гори сува трева, а огнот се движи кон блиската шума, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

На терен се присутни екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје, припадници на полицијата, како и претставници од општината Чучер Сандево и јавното претпријатие „Караџица“.

Според ЦУК, до 13 часот денеска се евидентирани четири активни пожари на отворен простор и еден локализиран. Меѓу нив е и пожарот кај селото Бешиште во Прилеп, каде што гори мешана шума, како и пожарот кај прилепските гробишта.

Во општина Македонски Брод, кај село Црешнево, гори деградирана дабова шума, а во Чашка, под Солунска Глава, има шумски пожар со чад, но без активен пламен.

Пожарот што избувна на депонијата во Делчево е ставен под контрола и прогласен за локализиран.

Надлежните служби апелираат до граѓаните да внимаваат и да не предизвикуваат пожари, особено во услови на високи температури и суво време.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Поранешната министерка Каја Шукова предлог за градоначалник на Град Скопје од СДСМ

Дејан Дејан

Во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп беше промовирана новата артилериска опрема за Македонската армија

Дејан Дејан

Што барале непрописно паркираните службени возила на вицепремиерите Меџити и Фетаи, на полноќ и во близина на партискиот штаб на Вреди?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе