Вести Македонија

Судија со секс-скандал во судска канцеларија стана претседател на скопскиот Граѓански суд неколку часа пред Извештајот на ЕУ за лошите состојби во правосудството

Единствениот кандидат за претседател на Граѓанскиот суд во Скопје, Бесник Авдија и покрај секс скандалот со вработена во судот која била малтретирана од него и спомнуваше уцени, ја доби довербата на членовите на Судскиот Совет и стана претседател на судот во Скопје кој всушност е најголем во државата.

За него гласаа 11 членови на Судскиот Совет, а бидејќи е предвидено и гласање по Бадинтер (припадници на заедниците) и при тоа изјаснување Авдија едногласно беше избран со 4 гласови. Сите членови ги слушнале информациите за тој судски секс скандал чија снимка беше објавена и на Јутјуб платформата на интернет.

Иако гласаа за, членовите на судот сепак го спомнуваа скандалот и објаснуваа зошто и покрај него гласале за Авдија. Оценуваа и дека тој го поминал тестот за интегритет што според нив била доволен доказ дека судија со секс-скандал зад себе во судска канцеларија сега може да го раководи судот каде што е направена контроверзната снимка.

-Настанот е од 2019-та, според мои сознанија. Сметам дека тоа не е причина кога нема утврдени факти да во овој момент во советот со оглед дека се уште не е расправано по претставка поднесена од некое лице кое за себе не дало никакви податоци за контакт за да бараме да ја дополни претставка. Сметам дека не е причина за да не гласам за тој кандидат, рече Мери Радевска, член на Советот.

Изборот во Судскиот совет се случи само неколку часа пред ЕУ да го објави извештајот за напредокот на државата во кој правосудството и натаму има оценки за слабости во кадровската политика на судот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета

Дејан Дејан

Невреме со дожд и град во Скопје

Дејан Дејан

Високи претставници на ЕУ ги осудуваат санкциите на САД против МКС

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе