Вести Свет Топ вести

Намалување на воздушните напади и фокус на копнената кампања – САД очекуваат нова фаза на офанзивата на Израел

Американската влада очекува кампањата на Израел против Хамас во Појасот Газа да влезе во нова фаза во наредните денови, се наведува во извештај на американски медиуми.

„Си-Ен-Ен“, цитирајќи висок владин функционер во Вашингтон, јавува дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден очекува намалување на воздушните напади и посилен „тактички фокус на копнената кампања“.

Официјалниот претставник рече дека целта најверојатно ќе биде да се уништи огромната мрежа од комплекси на подземни тунели на Хамас. Додека хуманитарната помош продолжува да се испорачува во Појасот Газа, американската влада очекува „намалување на она што го видовме“ во однос на масовните израелски воздушни напади.

Од нападите на 7 октомври на палестинската екстремистичка група Хамас, која владее со Појасот Газа, Израел соопшти дека нападнал повеќе од 12.000 цели. Во меѓувреме, копнените трупи напредуваат и против терористите на Хамас и воени цели. Израел ги објави своите планови да го уништи Хамас откако неговите милитанти во серија напади убија 1.400 луѓе и држат 249 заложници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бојкотот во ОУ „Лазо Ангеловски“ продолжува – министерката бара неколку дена за решение

Дејан Дејан

Обвинение за три лица за палење на македонското знаме на денот на албанското

Дејан Дејан

Новите генерации многу малку знаат за нашето културно наследство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе