Вести Свет Топ вести

Либија почна вакцинација на населението, во тек е дезинфекција на Дерна

По големиот број случаи на труење и појава на дијареа по поплавите во Либија, во земјата започна вакцинација на населението, а во тек е дезинфекција на градот Дерна. Властите наредија вакцинација протв болести кои се појавуваат од загадена вода, за која се верува дека не е безбедна за пиење по страотните поплави. Најмалку 150 случаи на дијареа се пријавени за неколку часа во најпогодениот град Дерна, каде жителите се повикани да не ја пијат водата од водоводот, туку да пијат флаширана вода.

Либиската „Црвена полумесечина“ досега потврди за 11.300 смртни случаи, но застрашувачка е бројката на исчезнати, се проценува дека изнесува повеќе од 10.000, а уште 30.000 се раселени.

Во раните утрински часови на 11 септември, пукнаа две брани во планините над Дерна, а водата која се ослободи создаде 12 метарски воден ѕид кој го погоди градот и однесе цели населби во морето. Спасувачките тимови и натаму прекопуваат по калта и урнатите куќи и згради во потрага по преживеани. Главниот обвинител на Либија, пак, најави истрага за причините за уривањето на браните кои се изградени во 70-тите години од минатиот век.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одмазнички напади на Иран врз Израел, повредени најмалку пет лица

Дејан Дејан

Праксата покажа дека најдобро е и за повредените и за семејствата сите следни фази од лекувањето да се одвиваат во Кочани, вели директорот на ФЗОМ

Дејан Дејан

Федерален суд го блокира обидот на Трамп за промена на изборното законодавство во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе