Дали биле загрозени основните човекови права на пациентите, но и дали има политичка одговорност за политичките и здравствените функционери, за скандалот на Онкологија, ќе утврдува Анкетна комисија составена од 13 пратеници.Комисијата ќе биде формирана на барање на 20 пратеници од ВМРО ДПМНЕ, кои бараа за ова итно да се расправа уште на денешната седница, но точката беше ставена на дневен ред како претпоследна.
Собранискиот спикер ги обвини дека од секоја ситуација извлекуваат лична корист.
Најдоцна за еден месец од завршувањето на работата, комисијата ќе треба да поднесе извештај до собранието, а потоа да ја информира и владата, државната Комисија за спречување на корупција и основното Јавно обвинителство.
Во телото ќе членуваат шест пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, пет на СДСМ, два на ДУИ и еден на Алијанса за Албанците.
Далиборка Демјанска