Вести Македонија

(ВИДЕО) Хеликоптер на МВР исфрли над 20 тони вода, локализиран пожарот кај Пиперево

Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од ЦУК за гасење на пожар кај селото Пиперево, го упати хеликоптерот Бел-212 и во координирано постапување со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица, пожарот е локализиран.

Хеликоптерот Бел-212 врз пожарот исфрли над 20 тони вода, наведуваат од МВР.

Од ЦУК, во меѓувреме, информираат дека двата пожари – во атарот на село Пиперево, Штипско и во Зелениково, се значително намалени, но се уште активни.

-Поради пониските температури и росата очекуваме во текот на ноќта значително да се намали горењето. Утре рано наутро во зависност од состојбата ќе донесеме одлука на кој начин ќе се продолжи нивното гаснење, наведуваат од ЦУК. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Високи претставници на ЕУ ги осудуваат санкциите на САД против МКС

Дејан Дејан

Предвремените избори во Холандија ќе се одржат на 29 октомври

Дејан Дејан

Заврши ли „љубовта“ меѓу Маск и Трамп?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе