Две ирански новинарки ќе поминат еден месец зад решетки откако судот во земјата ги осуди на тригодишни делумно – условни казни за заговор, објавија локалните медиуми.
Нивниот адвокат Амир Раисиан во изјава за реформистичкиот дневен весник Хам Михан, објасни дека преостанатиот рок од казната е условен во следните пет години, а во тој период од нив ќе се бара да посетуваат курс за „професионална етика“ и „им е забрането да ја напуштаат државата“.
Уапсени се бидејќи протестирале со танцување.
Сестрата на една од уапсение работи за весникот Хам Михана и е во затвор од септември 2022 година, откако известуваше за погребот на 22-годишната Махса Амини, која почина за време на полициски притвор.
Амини, која беше уапсена за време на посетата на Техеран со образложение дека наводно го прекршила законот за задолжително носење хиџаб, почина на 16 септември 2022 година, во полициски притвор.
Нејзиното семејство и поддржувачите го отфрлија официјалното објаснување, велејќи дека сведоците виделе како е тепана за време на нејзиното апсење.